| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Милошевски: Инфантилно е да се занимаваме со малограѓански проблематики

По низата преписки, незадоволства, критики и навреди за играта на македонските ракометари на ЕП во Данска, како и за нивние меѓусебни односи, Филип Милошевски, генералниот секретар на РФМ и се обрати на јавноста. Ви го пренесуваме неговото писмо во целост:

filip rfm golema

Во системите каде јас сум функционирал во мојата досегашна 15-годишна кариера, секогаш имало почитување на хиерархијата, што овде не е случај со поединци кои упорно се трудат да ја нарушат кохерентноста во репрезентативниот поредок, нешто што во нивните матични клубови не би било замисливо да се стори.

Уште во изборната програма претседателот на РФМ истакна дека суетите ќе бидат оставени на страна во текот на неговиот мандат, дека ќе се гради систем кој треба да дава резултати на долг рок, со точно дефинирани индивидуални и тимски одговорности, со многу работа и почитување на ред и дисциплина, но тука гледам дека одреден мал дел од репрезентативните играчи се преокупирани со своите каприци!

rakomet euro 2014

Цитирам: “Зошто Бранко Ангеловски не бил повикан во Пореч? Зошто Кирил Лазаров имал повторно “анемично” лош ден и промаши 3 пенали баш против Унгарија каде претходно играше? Зошто препоната повторно го боли и повторно Кирил Лазаров не игра за Македонија баш во мечот со Шпанија каде моментално игра? Зошто Прибак е натурализиран а не изиграл како се очекувало? Зошто селекторот бил “ладен” со некои играчи? Зошто не сме го добиле Исланд после 4:0?” (Простете ако нешто испуштив…)

Па мислам дека е апсолутно инфантилно да се занимаваме со вакви малограѓански проблематики!!!  Никој не го спори успехот од 2012-та година во Србија, но исто така факт е дека „комплетни” ги загубивме сите три меча на квалификациите за ОИ во 2012-та година и факт е дека лани бевме 14-ти на СП во Шпанија (12-ти од Европските екипи).

Handball European Championships 2014

Ние како Федерација се потрудивме да ги овозможиме најдобрите оптимални услови на играчите, добри конекции за патување, од ноември лани ангажиравме кондиционен тренер кој и индивидуално работеше со дел од играчите, репрезентативците беа подложени на посебен физио-диететски режим во соработка  со еминентната здравствена институција, Аџибадем – Систина, премиите и другите примања на играчите се однапред дефинирани и навремено им се исплаќани, условите за сместување и тренинг се на оптимално ниво… Сето ова беше направено се цел играчите да бидат фокусирани на подобри перформанси на терен, наместо расправање на стратешки политики, со кои (види чудо!) не се занимавале порано бидејќи сѐ им било дозволено?!

Handball European Championships 2014

Она што веројaтно во моментов најмногу пречи се ангажманите на Прибак и Вугринец, но тие беа планирани со најдобра намера: да помогнат за обезбедување на подобар резултат. На крај на денот, играат за македонски клубови, плаќаат македонски даноци и тие придонесуваат за подигање на нивото на квалитет на македонскиот ракомет. Зарем треба да го споменам Бо Мекејлеб? Кога би имале поголем избор на национални ракометни таленти, секако дека секогаш би ja претпочитале најпрво таа опција! Зошто ова пречи токму сега? Зошто на големите „патриоти“ до сега не им пречеше непријавувањето на кадетите и младинците на квалификациите за ЕП и СП со години?! Зошто порано не е направена иницијатива за работа со младите категории? Или доколку ги имаме и создававме и тоа ќе пречеше некому?

Како и да е, и покрај сите згоди и незгоди кои нѐ следеа, пред и за време на овој најважен континентален собир, се враќаме дома со кренати глави и пласман во првите 10 национални тимови во Европа. Ќе продолжиме посветено да работиме за доброто на македонскиот ракомет и покрај тоа што начинот можеби нема да им се допадне на поединци .

По завршувањето на ЕП Данска 2014 РФМ ќе излезе со официјално соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top