| четврток, 6 декември 2018 |

Сидата, како вирус се шири во Албанија

Според албанскиот Институт за јавно здравје, од 1993 година кога е регистриран првиот случај на ХИВ позитивен во Албанија, лани се евидентирани најголем број ново заразени на годишно ниво, објави „МИА“

– Регистрирани се дури 122 нови случаи на заразени од вирусот ХИВ, од кои најмногу во декември – 24 заболени. Со ова вкупната официјална бројка на лица со СИДА во Албанија се искачи на 696, соопшти Институтот.

Сепак, се стравува дека вистинската бројка на заболени е многу поголема, бидејки не се вршат навремени контроли. Неофицијално се смета дека во Албанија има повеќе од илјада ХИВ позитивни лица.

– Тоа навистина е повеќе од загрижувачки податок, поради што треба да се преземат брзи мерки за да не биде предоцна, нагласува Институтот.

Според одговорниот за заболени од СИДА во секторот за Јавно здравство на Албанија, Роланд Дани, многу е мал бројот на лицата кои се тестираат за ХИВ. Тој вели дека од вкупниот број инфицирани со СИДА 30 отсто се жени.

Од вкупната бројка регистрирани болни од СИДА, 33 се деца. Како последица на оваа болест досега починале 112 возрасни и шест деца. Најголем број од заразените или 48 отсто се од подрачјето на Тирана, потоа следуваат поголемите градови Драч, Валона и Елбасан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top