Коментарите на публиката се неизбежни кога станува збор за шоу кое го гледа целиот Балкан, а во кое учествуваат и македонски кандидати.
Со коментари за шоуто на интернет не се штедеа ни македонските јавни личности.
– Никој не МУ го оспорува гласот на Фифи, никој не МУ ја оспорува желбата на Фифи да успее во животот со музичка кариера,
ама ПРСЛУК да носи МАЖ испод хаљина шиена за во STAR WARS, не е здраво. Колку и да имаме либерални сфаќања, ПРСЛУК да носи МАЖ и да е горд на тоа е ЈЕЗИВО и ПЕРВЕРЗНО! Што е следно? Да му падне ВЛОШКА од под ТАНГАТА?! Абе ајде…- напиша водителот Дамјан Дренковски.
– Најискрени честитки до нашите Македонци, Фифи и Даниел Кајмакоски кои нѐ претставуваат на „Икс-фактор“ во најдобро светло! Отсекогаш сум била за тоа да се поддржуваат нашите претставници во било која област; затоа, би сакала да им кажам да не се разочаруваат, каков и да е исходот од ова шоу на крајот. Најважното е дека се талентирани и вистински сакаат да пеат. Би сакала да им подарам песни (се разбира, доколку сакаат) текст, музика, аранжман, придружни вокали и снимање во студио:) За понатаму, ништо не можам да ветам, секој со својата среќа и секој по својот пат! Верувам дека имаат светла иднина пред себе и од срце им посакувам да бидат наследниците на македонската естрада – вели пејачката Андријана Јаневска.
– Браво Фифи. Те сакам…прекрасна беше. Ме воодушеви мене, а чинам и останатите – пишува водителката Хелена Роза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не е лесно од црнка да станеш русокоса: Фифи го смени имиџот (галерија)
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Фифи: Нема повеќе да ве толерирам кога ми се обраќате во машки род
-
Фифи: МРТВ се толку назад, што и да ме викнат на „Евровизија“ нема да одам да се бламирам