Иако во синоќешното трето финале на „Икс-фактор“, публиката и жирито одлучија дуото „H2O“ да го напушти шоуто, за македонскиот претставник Филип Јаневски – Фифи ова не значи крај.
– Ви благодарам на сите што ми бевте поддршка за време на шоуто, се надевам дека тоа така ќе остане и во иднина бидејќи мојата кариера и тоа што можам јас да го понудам дури сега почнува – вели Фифи.
Коментарите на интернет се поделени во врска со испаѓањето на Фифи и Маринела Џогани. Сепак, учеството во шоуто беше добра можност да се претстават пред балканската публика, а, според Фифи, со секој чекор е поблиску до остварувањето на својот сон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не е лесно од црнка да станеш русокоса: Фифи го смени имиџот (галерија)
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Фифи: Нема повеќе да ве толерирам кога ми се обраќате во машки род
-
Фифи: МРТВ се толку назад, што и да ме викнат на „Евровизија“ нема да одам да се бламирам