| четврток, 6 декември 2018 |

Бесими и Попоски на средби со Филе и Ховит

pol-brisel

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Брисел ќе имаат средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе и со известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Ричард Ховит.

На средбите, како што најави Секретаријатот за европски прашања, ќе се разговара за перспективите на евроинтегративниот процес на Република Македонија во 2014 година и за напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

Во разговорите со Ховит се очекува да стане збор и за Предлог резолуцијата за Македонија што вчера доби зелено светло од Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top