Во питорескното село Јанче кое е сместено покрај реката Радика на десетина километри од Дебар, по над 30о години прекината е традицијата на прослава на празникот Водици.
Во селото во кое постојано живеат само неколку православни христијани годинава немало кој да биде кум за Водици.
Откако во последниве неколку години постојано кумови биле неколку исти семејства од Скопје кои таму имаат викендички годинава ниту едно од нив не можеле повторно да бидат кумови а други не се пријавиле за да ја продолжат вековната традиција.
„Сите сакаат да дојдат и да бидат дел од адетите, но малкумина сакаат да направат напор да бидат организатори на прославата која што не е толку скапа колку што е напорна„ вели еден скопјанец по потекло од селото познато по специфичната архитектура и прекрасната позиција на брегот на реката Радика на само неколку километри од манастирот Свети Јован Бигорски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст