| четврток, 6 декември 2018 |

Загрижувачки: 85 најбогати луѓе во светот имаат пари колку 3,5 милијарди најсиромашни

milioneri

Најбогатите луѓе на светот, вкупно 85, имаат пари колку половина од светската популација, односно 3,5 милијарди луѓе, објави во својот последен извештај Оксфама, каде што се потенцира се поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Документот се задржува на обемот на економската нееднаквост предизвика од растој на богатството на најбогатите луѓе, кои претставуваат закана за развој на општеството.

Само минатата година 210 луѓе се придружиле на елитниот клуб од 2.170 светски милијардери кои заедно вредат 540 милијарди долари.

– Наместо да бидат заедно, луѓето се повеќе се раздвојуваат на основа на економска и политичка моќ што води кон социјални тензии – се наведува во извештајот.

Оксфам наведеува дека еден отсто од најбогатите луѓе ширум светот, поседува 110 билиони долари, односно 65 пати повеќе од вкупното богатство на пола од сиромашните.

Застрашувачки е дека во 21. век пола од светското насечение има група на луѓе која може да ја собере во еден автобус – изјави Вини Бјанјима, извршен директор на Оксфам. Загрижувачки е што во светот расте бројот на богатите, така што Индија за десет години доби повеќе од 50 нови милијардери.

Оваа организација смета дека постојат многу закони кои им одат во прилог на богатите кои своето богатство го користат за да излобираат повеќе поволности за себе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top