Извикувајќи „мафија“ и „оставки“ илјадници граѓани одржаа протестен марш во Софија, Варна, Пловдив и Благоевград, палејќи ги сметките и барајќи повторно да се национализираат дистрибутерите на електрична енергија.
Иако струјата во Бугарија поскапе уште минатиот јули за 13 отсто, бугарските граѓани беа изненадени од сметките дури сега поради исклучутелно ниските температури, кои поттикнаа многу поголема потрошувачка.
Бугарскиот пазар на електрична енергија е поделен на три региони, кои ги контролираат чешките компании ЧЕЗ и Енерго-Про и австриската ЕВН.
Министерот за енергетика Делијан Добрев, кого демонстрантите во Софија го погодија со камен, изјави дека Министерството наредило да се провери износот на сметките, нагласувајќи дека многу од нив се однесуваат на подолг период, вклучувајќи ги новогодишните и божиќните празници.
Енергетските компании исто така соопштија дека ќе ги испитаат жалбите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



