Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија од четврток ја почнуваат новата сезона на францускиот киноклуб, која ќе се одржува во Кинотека на Македонија во 20 часот.
Во рамките на оваа редовна културна манифестација ќе биде прикажан филмот „Брана на Пацификот“ на повеќекратно наградуваниот режисер Рити Пан, со извонредната Изабел Ипер и Гаспар Илијел. Се работи за драма, адаптација на истоимениот роман на француската писателка Маргерит Дирас, кој беше оценет како одлична екранизација на книжевното дело на Дирас“ (Ле Нувел Обсерватер) или како филм со мистична алхемија, која двочасовно го обвива гледачот (Ле Монд).
Филмот е со превод на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.