| четврток, 6 декември 2018 |

Момчето што го фати крстот ја поддржа црквата: В година ќе се видат вистинските верници

Vodici(2014)09 (Custom)

Скопјанецот Даниел Дончевски од Маџари, кој во неделата на осветувањето на водите на реката Вардар меѓу 200 пливачи прв доплива до крстот, вели дека за него најголем мотив да скокне во ладната вода била вербата во бог, а не подароците.

– Најголемиот мотив да скокнеш по крстот е вербата. Тоа што се случи во неделата беше дело на пет-шест луѓе кои беа најверојатно таму за наградите, а нѐ оцрнија сите двеста. Целосно ја поддржувам црквата в година да не се даваат подароци на тој што ќе го фати крстот, кога ќе се види и кои се вистинските верници – вели Дончевски за весникот Вечер и посочува дека и наредната година и сите следни додека има сила ќе скока по крстот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top