| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Каеда обучува британски и европски џихадисти во Сирија

Ал Каеда обучува британски и европски џихадисти во Сирија, пишува британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на интервју со извор од „Исламската држава Ирак и Левант“, која е поврзана со Ал Каеда и на претставници на западните тајни служби.

Според весникот, интервјуто со изворот претставен само како Мурад е потврда за сомневањата дека Ал Каеда врбува приврзаници од Велика Британија, Европа и САД и ги обучува како да спроведуваат терористички акции во своите родни земји.

Британските тајни служби уште поодамна стравуваат дека авентичните опозициски групи во Сирија почнуваат да го намалуваат влијанието во корист на исламистичките екстремистички организации како „Исламската држава во Иран и во Левант“.

Главна задача на МИ-5 во изминатите шест месеци е справување со заканите од терористи, обучувани во Сирија.

Во интервјуто за „Телеграф“, Мурад тврди дека британски, француски и американски муџахедини во Сирија разговарале за потенцијалните цели за терористички напади во нивните татковини, меѓу кои била и Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top