| четврток, 6 декември 2018 |

„Џонсон контролс“ отвора втора фабрика во Македонија – ќе вработи 1.400 лица

jonson kontrols

Компанијата „Џонсон контролс“ денеска свечено ја отвора новата фабрика во технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Ова е втора фабрика што американскиот гигант ја отвора во Македонија.

Фабриката, која се простира на површина од 12.000 кавдратни метри, ќе вработи повеќе од 1.400 лица.

Ќе произведува автомобилски седишта и навлаки, а во неа се инвестирани 20 милиони евра.

На отворањето на фабриката, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на фабриката, на Владата на Македонија и на Амбасадата на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top