Во досегашните емисии на „Икс-фактор“, македонскиот претставник Даниел Кајмакоски бил апсолутен шампион во освоените гласови од гласањето по СМС. Според српски „Блиц“, кој се повикува на блиски извори на продукцијата, Кајмакоски освојувал неверојатни 60 проценти од сите гласови во сите досегашни емисии, додека останатите учесници ги делеле останатите 40 проценти. На овој сооднос не влијаел ниту смалениот број учесници во шоуто.
– Доколку не направи нешто што би го свртелo расположението на публиката, неговиот пат до победата ќе биде лесен – вели изворот на „Блиц“. Продуцентите на „Икс-фактор“ не сакале да ги коментираат информациите на весникот. Дали Даниел ќе ги задржи симпатиите кај публиката до крај ќе знаеме во февруари кога е предвидено финалето на „Икс-фактор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.