Сте слушнале за „Кикстартер“ или „Индигого“? Тоа се интернет страници на кои може да се објави некој проект или идеја (познато како краудфундинг), а потоа да се очекуваат донации од заинтересирани граѓани. Голем број проекти во светот на ваков начин се финансирани.
Група на млади студенти од граѓанската организација „УСА сумер ворк и травел Македонија“ со донација од амбасадата на САД, како и од Фондот за ангажираност во иновациите на дипломците идната сабота (25 јануари) во киното „Синеплекс“ во Сити Мол во Скопје ќе ја презентираат првата македонска платформа по угледот на „Кикстартер“ и „Индигого“, наречена „Летсфундид“ (letsfundit.mk).
На конференцијата свое обраќање ќе имаат: Робин Лернер, помошник заменик државен секретар за едукација и култура во Стејт Департментот; Антони Пешев, претседавач на генералното собрание на Стопанската Комора на Македонија и Мендерес Кучи, претседател на стопанската комора на северо-западна Македонија.
Краудфундинг претставува нетрадиционален начин на собирање на средства за финансирање на иновативни идеи. Главен поддржувач во овој концепт е широката јавност која придонесува за реализација на иновативната идеја, преку вложување на одредена сума на пари, во замена за соодветна награда, која зависи од висината на дадените средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст