| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот вицепремиер го посети Кичево

emrula isler

Вицепремиерот на Република Турција Емрула Ишлер, кој престојува во посета на Македонија, денеска во општина Кичево присуствуваше на пуштањето во употреба на нова училиштна зграда во општината.

Зградата е на три ката, со 12 училници и со  придружни административни објекти, а е изградена со средства од турската владина организација ТИКА.

Новиот училиштен објект, кој е во склоп на гимназијата „Мирко Милески“, го носи името „Мехмед Аки Ерсој“. Во него, наставата се одвива на турски, но и на македонски и албански јазик.

На свеченоста се обрати вицепремиерот Ишлер, кој истакна дека ваквите проекти се многу значајни, особено во образованието бидејќи младите се иднината на државата.

Тој се осврна и на пријателските односи меѓу Република Турција и Република Македонија, при што својот говор го заврши со фразата „Силна Турција – јака Македонија“.

Пред присутните ученици и граѓани се обрати и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, кој изрази благодарност до турската влада, која покрај објектот што денеска е пуштен во употреба има изградено и многу други инфраструктурни објекти во општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top