Група претставници на обете палати на Федералното Собрание на Руската Федерација во саботата допатуваа во Сирија во работна посета, изјави за новинарите Александар Јушченко, пратеник на Комунистичката партија на Руската Федерација.
Целта на посетата е да се запознаат парламентарците со ситуацијата во земјата и со условите во кои живеат претставниците на христијанската заедница. Парламентарците донесоа во Сирија хуманитарна помош.
Во Монтреј на 22 јануари ќе се одржи конференција за мирно регулирање на сирискиот конфликт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


