| четврток, 6 декември 2018 |

Универзалната сала да се вика Тоше Проески – иницијатива на Коце Трајановски

универзална1Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, одлучи да поведе иницијатива до Советот на Град Скопје, Универзалната сала во главниот град да се именува во Тоше Проески, јавува Курир. Според порталот, на првата следна седница на Советот, советниците ќе одлучуваат по ваквата иницијатива на скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Трајановски има поддршка од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за неговата иницијатива Универзалната сала да го носи името на Тоше Проески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top