| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон: Шкотска, остани

Премиерот Камерон повикува Шкотска да остане во Обединетото кралство, додека Салмон и Шкотската национална партија подготвуваат референдум

Шкотска има потенцијал да биде независна држава,  призна британскиот премиер Дејвид Камерон но повика таа да не се отцепува од Обединетото кралство.

Зајакнувајќи ја кампањата за зачувување на единството на земјата пред шкотскиот референдум за независност следната година, Камерон настојува Шкотланѓаните да не го прекинуваат сојузот со Англија, кој датира од пред 306 години.

– Да кажам со прости зборови: Велика Британија работи добро. Зошто да ја разделиме? Големото прашање ќе биде решено од Шкотска. Но одговорот не интересира сите нас во Обединетото кралство. Сите ние сме подобри заедно, а полоши одделно, заклучи Камерон.

cameron-salmondМедиумите сметаат дека ваквиот развој на настаните не е добар за историското наследство на Британците, како и за политичката иднина на Камерон. Тој планира на следните парламентарни избори во 2015 година повторно да се кандидира, а неговата Конзервативна партија нема да му прости доколку, додека е премиер, се распадне Велика Британија, која е составена од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Главните партии во Лондон се категорични против отцепувањето на Шкотска, додека Алекзандер Салмон и неговата Шкотска национална партија ќе ги вложат сите напори за успех на референдумот за независност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top