| четврток, 6 декември 2018 |

Кацин: Реално, Србија ќе добие датум

jelko_kacin1Според известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин реално е Србија годинава да започне преговори за членство во ЕУ, но дека евентуалното распишување вонредни избори нема да биде во функција на исполнување на оваа цел. Србија нема препреки за добивање датум за почеток на преговори за влез во Унијата, додава Кацин.

– Препреката, како што некогаш беше соработката со Хашкиот трибунал, во овој момент ја нема. Главниот предизвик е нормализирање на односите со Приштина. Благодарејќи на високополитичкиот дијалог, предводен од премиерот Ивица Дачиќ, можам да кажам дека е постигнат голем напредок на овој план. Доколку и петтата рунда помине добро, сметам дека е речиси извесно Србија да добие датум за почеток на преговори, нагласи Кацин.

За моменталната политичка ситуација во Србија и евроинтеграциите, тој смета дека секоја влада минува низ некоја криза, но дека оваа постигнала важен напредок и тоа со конкретни резултати.

– Евроинтеграциите секако не можат да се забрзаат доколку избори се одржуваат секоја година, а тоа истото важи и за економското заздравување на земјата, порача Кацин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top