| четврток, 6 декември 2018 |

Москва во лов на терористи

moskowРуската полиција уапси во Санкт Петерсбург околу 300 муслимани од неколку земји, кои се осомничени дека би можеле да претставуваат терористичка закана.

– Најмалку 270 луѓе, меѓу кои државјани на Узбекистан, Таџикистан, Азербејџан, како и граѓани на Северен Кавказ, еден Египќанец и еден Авганистанец, се приведени со цел да се истражи нивната евентуална вмешаност во терористички дејности, се наведува во полициското соопштение.

Федералната безбедносна служба и полицијата вчера изведоа заедничка акција на главниот пазар Апраскин двор, место каде што муслиманите работат и се молат.

Руските власти не соопштија дали некои од уапсените подоцна е ослободен, но имиграциските служби наведуваат дека сигурно 10 од нив ќе бидат депортирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top