| четврток, 6 декември 2018 |

Маглата ја намали видливоста на неколку патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта во земјата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Поради магла намалена видливост до 50 метри има на патните правци Радовиш – Струмица, Струмица – Валандово, Струмица – Ново Село и Куманово – Крива Паланка. Намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар. Намалена видливост над 100 метри има на патните правци Скопје – Велес, Кочани – Виница, Штип – Неготино и Штип – Велес.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Геодетските активности за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино – Демир Капија се завршени и сообраќајот е нормализиран. Завршени се и сите теренски активности (геодетски и геомеханички истраги) долж патниот правец А-1, делница Миладиновци – Куманово.

Заради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во термин од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.

Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15.11.2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top