| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко ја расплака Тамара Милановиќ (ФОТО)

Иако вети дека повеќе нема да плаче, српската кандидатка Тамара Милановиќ повторно со солзи во очите заврши уште една епизода на „Икс фактор“.

Девојката која на првата аудиција остави добар впечаток кај публиката и жирито со својата изведба на песната на Адел, како поминува натпреварувањето, се повеќе добива критики од менторите.

Жирито во првата емисија во живо не беше задоволно од изборот на песната на Тамара, а во втората емисија покрај критиката за лошиот избор на песната, Жељко Јоксимовиќ имаше многу повеќе да каже.

– Ти си малку во некој твој свет и имам чувство дека не ти е гајле за никој од нас овде. Незнам тоа дали ќе ти се исплати. За настапот пофалби, но не сум задоволен со изборот на песната – ја започна својата критика Жељко.

Тамара одговори само „ОК, фала!”, што за Жељко беше уште еден пример за тоа дека Тамара е убедена дека самата знае најдобро и дека нивните совети воопшто не допираат до неа. Во критиките му се придружи и нејзиниот ментор Кики Лесендриќ.

– Ги бираш сама песните и ќе ги поднесеш критиките, ова песна мене апсолутно не ми се допадна, можеш многу повеќе – изјави тој.

Веднаш откако се симна од сцената, Тамара почнала да плачи, а повеќето од кандидатите биле шокирани од коментарите на жирито и од тоа зошто Кики не застанал во нејзина одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top