
Жените во средни години кои поголемиот дел од денот го минуваат во седење, имаат поголем ризик да заболат од тумор, без разлика на тоа колку вежбаат, покажа новата студија.
Истражувањето покажало дека жените кои поради работата мора да седат речиси цел ден, имаат поголем ризик да заболат од срцеви болести и да добијат тумор.
Станува збор за истражување во кое учестувале преку 93 илјади лица. Утврдено е дека жените кои минуваат повеќе од 11 часа дневно седејќи имаат 12 отсто повеќе шанси да заболат и почесто се соочуваат со болести на срцето, кардиоваскуларни болести и тумор.
Докторката Ребека Сегин од Универзитетот „Корнел“ во Њујорк истакна дека физичката активност не им помага многу на лицата кои поголемиот дел од денот го минуваат во канцеларија.
Таа објасни дека жената по 35. година почнува да ја губи мускулната маса, а тој процес се забрзува во менопаузата. Вежбањето помага тој процес да се намали, но истражувањата покажаа дека е многу важно секојдневно движење и избегнување предолго мирување на едно место во седечка положба.
– Жените мора да најдат начин да останат физички активни. Додека се во канцеларија, треба често да стануваат и да шетаат, а од работа до дома да одат пеш – истакнува Сегин, а објави „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


