
Филмот „Чувари на наследството“ инспириран од вистинска приказна со актерите Џорџ Клуни, Мет Дејмон, Кејт Бланшет од 13 февруари ќе се прикажува во кината во Македонија.
Џорџ Клуни е режисер и сценарист, а игра и во една од главните улоги во ова остварување во кое се прикажува приказна за специјален одред кој е формиран за да се спасат уметничките дела од рацете на нацистите и да им се вратат на вистинските сопственици.
„Чувари на наследството“ е инспириран од вистинска приказна за најголемата потрага по скапоцености во историјата и невозможната мисија во која се впуштаат 7 директори на музеи, историчари и кустоси. Уметничките дела се заробени зад линиите на непријателските сили, а нацистите се решени да уништат сѐ што им се наоѓа на патот бидејќи Рајхот пропаѓа. Каква шанса за успех има овој специјален одред сочинет од поединци кои подобро го познаваат Микеланџело отколку полуавтоматската пушка М-1? Во трката против времето, овие храбри луѓе ќе сторат сѐ, ризикувајќи ги своите животи, само за да ги заштитат и одбранат најголемите уметнички дела на човештвото.

Џорџ Клуни, кој ја игра улогата на предводникот на овој специјален одред, вели: „Уметноста има различни форми, но сепак го претставува она што е суштината на сите нас – нашата историја“. Затоа и се заинтересирал за приказната за овие луѓе, па заедно со Грент Хеслов го напишал сценариото базирано на романот чиј автор е Роберт М. Едсел.
– Сакавме да направиме филм кој е помалку циничен за разлика од претходните на кои што имаме работено. И покрај тоа што мислиме дека тие се поинтересни, овој пат се одлучивме да пренесеме една приказна за едни добри луѓе и нивната победа против еден од најлошите луѓе – Хитлер, а тоа е приказна за која што порано никој немаше слушнато – објаснува Клуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


