
Во Собранието денеска продолжува расправата за Предлог одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите. Дебатата за новиот состав на лустрациската комисија почна вчера.
За член и претседател на Комисијата е предложен Томе Аџиев кој и во изминатите три години беше на оваа позиција. За негов заменик се предлага Асан Лума и за членови Новица Велјановски, Предраг Димитровски, Ѓорѓи Малковски, Вецко Здравевски, Ристана Лалчевска, Шпенд Винца, Даут Даути, Цветанка Соколова Младеновска и Марија Зафировска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


