„Лидл“ од своите 600 продавници, ќе ги отстрани од касите сите грицки и слатки кои најмногу ги мамат најмладите, објави „Фактор“.
Оваа иницијатива е поведена од искуството, децата кои имаат обичај да одат на каса, додека чекаат ред, земаат цело брдо грицки и слатки. Како би се избегнала оваа лоша пракса, „Лидл“ во своите продавници, воведува ред. Од касите ќе бидат отстранети сите оние примамливи работи и ќе бидат заменети со поздрава, алтернативна храна, јаткасти плодови и сушено овошје.
Овој популарен ланец, на тој начин, ќе даде свој удел во борбата против дебелината кај децата и ќе ги поттикне родителите да издржат во обидот поздраво да ги хранат своите деца. Во денешно време, се потешко се носат со овој проблем, бидејќи чоколатцата и слатките се секаде околу нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.