| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Одлуката на Владата за војниците е апсолутно прифатлива

Заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, денеска се сретна со професионалните војници во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

На средбата на Димитриев со професионалните војници и нивните командири се разговарало за новата одлука на Владата за нивно вработување во државни институции по навршувањето 45 години.

– На непосреден начин со прашања од нивна страна, разговаравме за сите детали од оваа идеја за решавање на нивниот статус, како таа би функционирала, но и кои би биле евентуални негативни последици. Можам да ви кажам, со оглед на тоа што состанокот заврши со аплауз, дека сите коменатари се излишни и оваа мерка е апсолутно прифатена од страна на војниците – вели Димитриев.

Тој додаде дека во вторник на седница на Владата ќе се прифатат новите измени во законот, по што ќе се пушти во собраниска процедура.

– Владата даде заклучок да почнеме со измените во законот, а верувам дека оваа измена ќе помине и во Собрание, со оглед на тоа дека сите политички партии изразија поддршка на оваа мерка и не верувам дека би имало проблеми – рече Димитриев.

Прашан како го коментира мислењето на „Достоинство“ дека со овие измени не се опфатени бранителите кои учествуваа во воениот конфликт во 2001 година, Димитриев вели дека под терминот учесници во воениот конфликт е многу широк поим и е бројот е голем.

– Знаете дека законот нема ретроактивно дејство и оти ќе важи за тие што во иднина ќе полнат 45 години – појасни меѓу другото Димитриев.

Според професионалниот војник Никола Јакимовски, и тој и неговите колеги се задоволни од донесената одлука на Владата за решавање на нивниот статус по 45 година.

– Ова ни значи едно долгогодишно социјално решавање и имаме амбиции за да гледаме напред – вели Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top