Стружанец едвај спасил жива глава откако вчера доцна попладне бил пронајден во студените води на реката Црн Дрим во Струга кај браната во близина на плажата Галеб како моли за помош, пренесува „A1. он“. Случајни минувачи го забележале човекот и веднаш повикале брза помош и случајот го пријавиле до надлежните интитуции. Очевидци на настанот раскажуваат дека човекот премрзнат, но во свесна состојба веднаш бил префрлен во струшката брза помош каде што му била укажана лекарска интервенција и дека станува збор за повозрасен човек. Откако пристигнале на лице место двајца вработени во противпожарната служба успеале да скокнат во вода и да го извлечат човекот. Стружани раскажуваат дека благодарение на брзата интервенција човекот бил спасен.
-Случајот кај нас беше пријавен околу 19 часот од страна на полицијата во Струга. Потоа ние интервениравме законски како што треба. Нашите луѓе отидоа на лице место го пронајдоа човекот во вода. Со помош на нивната активност тие го извадиле човекот и го однеле до брзата помош. Човекот бил во свесна состојба и се тресеше од ниската температура на водата. Најважно од се е што човекот успеавме да го спасиме и да реагираме навреме бидејки стануваше збор за секунди“, вели Минир Мамуди командир на Противпожарната служба во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.