| четврток, 6 декември 2018 |

Измените на законите за медиуми и на Изборниот законик ќе поминат по скратена постапка

СОБРАНИЕМнозинството пратеници во Собранието го прифатија предлогот на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, измените на законите за медиуми и аудиовизуелни услуги да се донесат по скратена постапка. Образложението и за двата закони е тоа што во законите треба да се вметнат измените кои Владата ги усогласила со Здружението на новинари на Македонија.

Законите ќе одат на комисиска расправа во матичната Комисија за транспорт и врски и во Законодавно-правната комисија.

Пратениците со 74 гласа „за“ и двајца воздржани го усвоија предлогот измените во Изборниот законик да се донесат по скратена постапка. Измените на Изборниот законик сега ќе одат на расправа во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и во Законодавно-правната комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top