| четврток, 6 декември 2018 |

Раст на американските акции

берзаЕврото опадна во текот на претходниот ден во однос на доларот заради добрите економски резултати кои беа објавени во САД и кои го зголемија оптимизмот за економијата на САД што позитивно влијаеше врз доларот, пренесе Фактор.

И британската фунта опадна во текот на вчерашниот ден и достигна најниското ниво во последните три недели во однос на доларот.

Цените на американските акции се опоравиле во текот на вчерашниот ден така да S&P500 индексот повторно се приближил до рекордно високата вредност.

По вчерашниот пад цената на златото  во текот на азиското тргување го забавила падот и влегла во консолидација.

Владиниот извештај кој покажа неочекувано голем пад на залихите во Америка во текот на претходната недела влијаеше на цената на суровата нафта во текот на вчерашниот ден да порасне на највисоко ниво во последните десет дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top