| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопје рано“, „Сообраќај“ и „Порта ноќе“ се најубавите фотографии од Скопје

За најдобри фотографии од Скопје се избрани: Прва награда во износ од 50 илјади денари, стручната комисија реши да му ја додели на Зоран Ефремов за фотографијата „Скопје рано”, втората награда  на Дарко Цветановски, за фотографијата „Сообраќај“, која изнесува 40 000 денари, додека пак третата 30 000 денари, а ја доби Влахо Бранѓолица за фотографијата насловена како „Порта ноќе”. Сите три фотографии учествуваа на Конкурс за избор на најдобра фотографијa со мотиви од Скопје, што минатата година го распиша Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

500prvo

Комисијата согласно со рокот назначен во Конкурсот, констатираше дека беа пристигнати 53 шифрирани пликоа со фотографии. Во рамки на Конкурсот можеа да учествуваат сите професионалци, аматери и деца, да поднесат свои фотографии, не постари од 5 години, согласно со утврдените критериуми пропишани во Конкурсот, а изборот на најдобрите 3 фотографии го изврши специјална комисија, формирана од Град Скопје.

500treto

Град Скопје, неодамна објави нов Конкурс за избор на три најдобри фотографии со мотиви на Скопје, на којшто може да учествуваат сите професионалци, аматери, деца и сите оние што го сакаат фотографирањето. Апликантите можат да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции, снимени во која било општина во Скопје, снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината.

Паричните награди и годинава ќе бидат со ист износ како и минатата, a конкурсот ќе трае до 30.04.2014 година, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top