Извештајот од „Херитиџ“ е одлична вест за Македонија и ќе придонесе многу странски компании во иднина да инвестираат тука, да отвораат работни места, што е крајна цел на сите владини политики.
Ова е ставот на премиерот Никола Груевски по вчера објавеното рангирање на „Херитиџ“ за слободата на економијата, кое ја позиционира Македонија на 43. место од вкупно 183 земји.
– Тоа е највисоко место на нашата земја досега на оваа листа. Од десет индикатори, Македонија има напредок во девет. Најсериозен прогрес има во контролата на јавните финансии, слобода на трговијата и на бизнисот. Тоа е одличен сигнал, што сме убедливо први во регионот, следната земја е многу места зад нас. Подобри сме од просекот во првата половина на земјите од цела Европа. Веста е одлична и зашто многу инвеститори го следат овој индекс што ќе придонесе покомотно да се чувствуваат кога размислуваат да инвестираат кај нас – нагласи Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на млекарницата „Суташ“.
Ова, додаде, е резултат на сите досегашни напори на Владата да направи што подобра бизнис клима, подобар бизнис амбиент и да обезбеди повеќе слобода во економијата, либерализации, да има што помалку стеги и регулации за компаниите.
– Целта е да правиме толку добар амбинет за, на сите индекси и рангирања поврзани со економијата, Македонија да оди напред и да е прва или најмалку меѓу првите во регионот, а многу често и во источна Европа, како и пред многу од земјите членки на ЕУ, потенцира премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии