Нашиот хип-хоп и Р&Б диџеј Шорти Пи ака Панчо, утре ќе има свој сет во најурбаниот клуб во Загреб – Грув. По одличните настапи минатата година на хип-хоп фестивалот Фреш Ајланд во Хрватска, во клубот Фристајлер во Белград и последниот во Шафхаузен- Швајцарија следна дестинација на Панчо е колевката на балканскиот хип-хоп, Загреб, каде публиката има префинет вкус за овој тип на забави.
-Загреб е една од моите омилени балкански дестинации кога станува збор за диџеј сетови. Презадоволен сум што сум оставил одличен впечаток кај тамошната публика и на мое огромно задоволство повторно ќе бидам гостин во нивниот град – вели Панчо.
Веќе познатите светски хитови, но и нови синглови од хип-хоп и р&Б стилот ќе бидат дел од репертоарот на Панчо во петок во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.