| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: ЕУ редовно крши човекови права

rusko mnrМногу членки на 28-члената Унија редовно ги кршат човековите права на своите граѓани, го пренесе РИА годишниот извештај на руското МНР за состојбата со човековите права во ЕУ. Се вели дека актуелното законодавство на ЕУ нема ефикасни механизми да го спречи кршењето на основните човекови права.

Министерството како примери за „флагрантно кршење“ на човековите права во ЕУ ги наведе проблемите на луѓето кои не се државјани на Естонија и Летонија, дискриминацијата на припадниците на малцинствата кои зборуваат руски јазик во Финска, како и засилувањето на националистичките чувства во Полска.

Во извештајот се наведува дека властите во Велика Британија ги кршеле човековите права со прислушувањето на разговорите на своите граѓани и странски делегации, потсетувајќи на документите што ги обелодени поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден.

Повикувајќи се на извештајот на комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муизниек, Москва ја критикува и лицемерната политика за влез во земјите на ЕУ, со што го крши правото на слобода на движење.

ЕУ создаде вештачки бариери за влез на нејзина територија, со што ги кршат личните права на слобода на движењето, и кои посебно имаат негативни последици за Ромите и барателите на азил, се наведува во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top