Организаторите на Отвореното првенство на Австралија мораа да го почитуваат законот и на одредено време ги прекинаа натпреварите од ноќната програма на првиот тениски гранслем во сезоната. Температурата е неподнослива, над 42 Целзиусови степени, па мораше да има прекин бидејќи беше мината границата од 40 степени, што е дозволена.
Жешко ѝ беше и на една од фаворитките за титулата, Марија Шарапова, која буквално се протна во третата рунда по победата против Карин Кнап од Италија. Последниот сет во кој нема тај-брејк во Мелбурн, Маша го доби со 10-8 во гемови, откако претходно двете тенисерки освоија по еден сет.
Пласман натаму обезбедија и Вознијачки, Радванска, Цибулкова, Корне… кај дамите и Надал, Федерер, Нишикори… кај мажите. Утрово повторно имаше прекин на програмата поради високата температура во Мелбурн, па и сега не се играат натпревари на турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.