Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски на Република Македонија денеска во Брисел на средба со комесарот за регионална политика при Европската комисија, Јоханес Хан ќе ги претставени тековните инфраструктурни проекти и активности во делот на транспортот, а кои се финансираат со средства од Европската унија.
На средбата Јанакиески-Хан, според најавите, исто така е предвидено и претставување на идните планови за развој на европските транспортни коридори на македонската територија. Се очекува и иницијатива на идејата пред еврокомесарот за регионална политика за Македонија да стане дел од големиот макро-регион „Јадранско-јонски“ што предвидува соработка од секаков вид меѓу земјите кои излегуваат на Јадранското и Јонското море, плус Србија, а што од идната година ќе го финансира официјален Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.