| четврток, 6 декември 2018 |

Прифатени 151 забелешка на прашањата за екстерно тестирање

Spiro Ristovski03 (Custom)За прашањата кои ќе бидат на екстерното тестирање на матурантите, на 22 и на 24 јануари, до Министерството за образование и наука за половина месец стигнале 720 коментари, од кои повеќето во последните два дена. МОН прифатило забелешки за 151 прашањe и тие се коригирани, го пренесува МИА  ресорниот министер Спиро Ристовски.

– Сето тоа што беше издржано и основано е прифатено и направени се соодветни корекции на 151 прашањe од аспект на конципираност, превод и редакција, така што во тој дел не очекувам да има реакции откако ќе почне процесот затоа што дадовме можност целата јавност да придонесе за уште поуспешна негова реализација – вели Ристовски во интервју за агенцијата пред претстојното екстерно тестирање на матурантите кои в недела ќе ги знаат двата предмета за тестирањето идната седмица.

Тие првпат ќе полагаат екстерно зашто ланските матуранти беа изоставени од овој процес, и ќе бидат први на годинашното тестирање (2013/2014) зашто сите други ученици, од трето одделение до трета година средно, екстерното ќе го полагаат на крајот на учебната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top