Реал Мадрид има одличен состав и немилосрдно гази сезонава на сите кошаркарски фронтови. Вечерва, избраниците на Пабло Ласо го декласираа германскиот Баерн Минхен со 111-87, во меч од Топ 16 фазата во Евролигата.
Почетокот им припадна на гостите кои имаа 7 поени позитива, 24-17 по првата четвртина, но оттогаш почна фуриозната игра на кошаркарите на Реал Мадрид. Предводени од Руди Фернандес (24 поени) и од Серхио Родригес (19 п.) „кралевите“ приредија спектакуларно баскет шоу и до врв го наолнија противничкиот кош.
Особено импресивно, домаќините ја одиграа третата четвртина, кога за само 10 минути постигнаа дури 41 поен и направија 20 поени разлика. Реал нема пораз во новата сезона, а нанижа блескава серија од 30 победи, сметајќи го Суперкупот на Шпанија и настапите во домашното првенство и во Евролигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика


