| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија ја укинува социјалната помош за граѓани од ЕУ кои бараат работа во земјата

Швајцарската Влада одлучи да укине социјална помош за граѓани од Европската унија кои бараат работа во државата. Тоа според локални медиуми, е дел од мерките за борба со злоупотребите.

Освен граѓани на ЕУ, право на социјална помош при барање работа во Швајцарија нема да имаат и граѓани на Европската асоцијација за слободна трговија.

– Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, соопшти Службата за имиграција.

Швајцарските власти одлучија да преземат такви мерки бидејќи „станува нејасно зошто да се дава помош и решение за престој особено на лица кои дошле во Швајцарија да бараат работа или лица кои останале без работа за време на престој во Швајцарија“.

Во 2012 година над 250.000 луѓе, од кои речиси една третина под 18 години добиле социјална помош во Швајцарија што е шест отсто повеќе отколку во претходната година.

Во исто време само 2,2 отсто од Швајцарците добиваат социјална помош. До крајот на ноември во Швајцарија живееле 1,88 милиони странци од кои 1,25 милиони од ЕУ или ЕАСТ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top