Томе Аџиев доби уште еден мандат како претседател на Комисијата за лустрација. Со осум гласа за, три против и еден воздржан, Собраниската комисија за избори и именување повторно му го довери претседателскиот мандат на Аџиев.
За заменик на Аџиев е избран Асан Лума, а членови ќе бидат Новица Велјановски, Предраг Димитровски, Ѓорги Малковски, Венцо Здравевски, Ристана Лалчевска, Шпенд Винца, Даут Даути, Цветанка Соколовска Младеновска и Марија Милошевска.
Јанаќи Витановски, поранешниот член на Комисијата, доцна синоќа ја повлекол својата кандидатура.
Пратеникот Горан Сугарески од СДСМ рече дека ова е контраверзно и штетно, а како доказ за тоа, додаде, е последниот закон од 2011 година кој не е донесен консензуално, оти Уставниот суд повеќе од една година не се произнесува за оспорените одредби од него, а Лустрациска донесува одлуки врз основа на оспорениот закон. Сугаревски рече и дека
Претседателот на Комисијата Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека би било добро и СДСМ да биде вклучен во процесот на лустрација и оти со претставници на опозициската партија разговарал и направил обид и тие да бидат вклучени. Димовски потсети дека Законот за лустрација е донесен во легитимна и легална процедура, дека лустрацијата е плод на волјата на повеќе политички партии кои сакаа да се расчисти со кршењето на човековите права од идеолошко политички причини во минатиот систем, како и на притисокот на меѓународната заедница како дел од евроинтеграцискиот процес.
Денеска стариот состав ја оддржа послдената седница и соопштија дека лустрирале 124 лица во изминатите 5 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


