| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Рама ќе биде првиот албански премиер кој ќе ја посети Србија по 1946 година

Новиот премиер на Албанија, Еди Рама, најверојатно во февруари ќе го посети Белград во рамки на турнејата по земјите од регионот, соопшти српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ за весникот „Политика“.

– Датумот за посетата се уште не е прецизиран бидејќи во последните недели Белград беше зафатен со други важни прашања, како што се преговорите со Приштина и почетокот на преговорите со ЕУ, посочува Мркиќ.

„Политика“ потсетува дека тоа ќе биде прва посета на еден албански премиер на Србија уште од 1946 година, кога Енвер Хоџа го посети Белград.

Мркиќ соопшти дека на дневниот ред на разговорите ќе биде, пред се, билатералната соработка, затоа што „двете држави имаат интерес да соработуваат во областите на земјоделието, туризмот, транспортните врски, образованието“.

Мркиќ ќе го постави и прашањето за српското малцинство во Албанија, кое, според него, „уште не е признато како што треба“. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top