| четврток, 6 декември 2018 |

Лили Ален: Не ги користам своите деца за промоција како Бијонсе

Популарната пејачка Лили Ален изјави дека славната двојка Бијонсе и Џеј Зи ја злоупотребуваат нивната двегодишна ќерка Блу Ајви поради лични промоции и успеси.

Иако можеби не сте знаеле, Лили е мајка на две деца, а нејзините ќерки не ги експонира, а ниту ги користи како би постигнала поголема слава и успех. Таа упати критика кон Бијонсе дека гласот на нејзината ќерка го користела во песната која ја посветила токму на неа, со цел песната што повеќе да се продава.

Таа смета дека тоа се маркетиншки трикови и вели дека никогаш нема да ги злоупотреби нејзините ќерки на тој начин, бидејќи се премногу мали.

Лили Ален моментално го подготвува нејзиниот трет албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top