
Вашата врска е прекрасна, се сакате, супер се согласувате, сексот ви е феноменален, уживајте во секој момент… Постои само еден проблем – се гледате многу ретко, затоа што не живеат во ист град или иста земја. Можеби сте дури и на различни континенти.
Иако многумина се на мислење дека таквата врска е осудена на неуспех поради далечината, не е така. Шанса да преживеат врските на далечина се исти со оние како кај двојките што се гледаат секој ден, велат психолозите.
Според нив, не постои правило кое вели дека врската не може да успее, бидејќи паровите физички се одалечени. Овој тип на врска може да се одржи ако постојат планови за заедничка иднина. Тоа е она што ги мотивира партнери да останат заедно.
Постојат три фактори кои помагаат за одржување на успешна љубов на далечина и тоа, ако навистина не можете еден без друг, ако не се оптеретувате со далечината, и сексот по телефон.
Сексот е столб на секоја врска и тешко е кога чекате на интимните моменти. Искористете го телефонот за да си раскажете тајни сценарија кои ги чувате за да ги поделите со некој. Употребете ги мејловите или СМС пораките за допишување, можете да си пишувате што ќе правите кога ќе се видите. Искористете го и Скајпот. Нема да биде како кога сте заедно, но сепак искористете ги благодетите на модерната технологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


