| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Вугар Гашимов еден од најдобрите шахисти на планетата

Еден од најдобрите шахисти на планетата, Вугар Гашимов почина од тумор на мозокот на 27-годишна возраст. Гашимов беше стандарден репрезентативец на Азербејџан, репрезентација со која го освои златниот медал на Европското првенство во Нови Сад во 2009 година.

Истата година, Гашимов играше во Охрид на шаховскиот клупски куп, кој е пандан за Лига на шампионите во шах. Најдобар пласман на светската ранг-листа за Вугар е шестата позиција во ноември 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top