| четврток, 6 декември 2018 |

Руски тајкуни ги купуваат украдените македонски артефакти

ukradeni ikoni lazaropole

Кражбите на верските објекти на Македонија стануваат алармантни. Српски „Блиц“ пишува дека од 10.000 вредни артефакти ниту еден не е вратен на државата.

Во анализата се вели дека во земјата од над 2 милиони жители, се краделе цели олтари, крстови, библии, светила, а последната голема кражба се случила во април во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лазарополе, од која се украдени 30 икони, од кои 23 се на Дичо Зограф, еден од најпознатите сликари во 19 век. Неговите дела на продажба можат да достигнат и до десетина илјади долари.

„Блиц“ наведува дека крадците најмногу се фокусираат на црквите во западниот дел на земјата, на границите со Албанија, каде што мнозинството жители го сочинуваат Албанци. Македонските власти сметаат дека кражбите на православните верски објекти се организирани од Албанија, со помош на развиена мрежа на соработници.
Милчо Георгиевски, кустос од Охрид, вели дека голема е можноста тие да се продаваат на тајни аукции во Западна Европа и да завршуваат во приватни колекции, вклучувајќи ги и оние на руските тајкуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top