| четврток, 6 декември 2018 |

На прилепчанец му украле 450 илјади денари

Прилепчанец останал без 450 илјади денари откако крадец насилно влегол во станот кршејќи ја бравата на влезната врата, информираат од МВР.

Според полицијата, кражбата се случила во станот на А.П. на улицата „Самоилова“. Откако крадецот насилно влегол во станот, украл 6 илјади евра и разновиден златен накит, при што вкупната штета се проценува на 450 илјади денари.

Полицијата трага по сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top