| четврток, 6 декември 2018 |

Жена ја уништила вредната слика на Делакроа во Лувр

liberty-lens
Жена ја уништила сликата на Ежен Делакроа „Слободата на барикадите” со црн маркер во галерија на Лувр во северна Франција, пишуваат странските медиуми.

Полицијата уапсила 28-годишна жена, откако таа испишала кратенката “АЕ911” во долниот дел на сликата, која важи за симбол на француската револуција.

Сликата е насликана во 1830 година и во моментов е дадена под наем во Лувр во Париз на новата галерија “Лувр-Ленс” во северна Франција, која беше отворена во декември минатата година од францускиот претседател Франсоа Оланд.

“AE911Truth” е име на интернет сајт кој повикува на откривање на вистината за терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top