Србија ја победи Полска со 20-19 во дерби дуелот од Ц групата на Европското првенство во Данска, а премиерна победа и тоа лесна и убедлива забележа и Хрватска против Белорусија со 33-22 во меч од Д групата.
Голманот на Металург Дарко Станиќ одбрани удар на 20 секунди до крајот за мошне важна победа на популарните „орли“ против Полска. Станиќ бранеше извонредно и тој е главната причина за успехот на Србија и за малиот број примени голови само 19.
По 3 гола за победничката селекција постигнаа Зеленовиќ, Вујин и Стојковиќ, додека на спротивната страна се истакна најефикасниот поединец на мечот Јуркивич со 5 гола, а по 3 погодоци постигнаа Лиевски, Крајевски и Храповски.
Хрватска ја оправда улогата на еден од главните фаворити на шампионатот со стартна победа од 11 гола разлика против Белорусија. „Коцкестите“ одиграа извонредно и од самиот почеток наметнаа темпо што Рутнека и соиграчите од Белорусија не можеа да го следат. По 6 погодоци постигнаа крилата Чупиќ и Хорват, а играчотг на натпреваро Домагој Дувњак 4 пати ја затресе мрежата на противникот.
Интересно е што селекторот на Хрватска, Голужа се уште нема пораз со Хрватска во прво коло на големите натпреварувања, откако е селектор на оваа репрезентација.
Вечерва играат Франција и Русија во рамките на Ц групата и Црна Гора против Шведска во Д групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.