Со најголеми буџети за 2014 располагаат општините Центар и Аеродром, со 24, односно 22.7 милиони евра. И покрај тешкотиите во работењето на Советот на Центар, на последната седница во 2013 година едногласно бил донесен буџетот за 2014 г., со што меѓу останатите планирани проекти обезбедена е еднократна помош за секое новороденче од 7.500 денари и средства за развој на спортските клубови. По иницијативите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе се реализира изградбата на патека за слепи лица, пишува Вечер во анализата за скопксите општински буџети.
Општина Аеродром за 2014 година со обезбедените финансии од околу 22.7 милиони евра, втор буџет по големина во Скопје, ќе работи на изградба и реконструкција на улици и на патишта во урбаниот и руралниот дел на општината, изградба на капацитети за водоснабдување, системи за одведување и пречистување отпадни води, нови линии за јавно осветлување и друго.
Со иста цифра од 15.6 милиони евра во 2014 г. ќе располагаат општините Кисела Вода и Гази Баба. Тие за годинава планираат финансирање на активностите од областа на урбанизмот и комуналната инфраструктура, водоводни мрежи, канализација, пречистителни станици, улици и патишта и улично осветлување.
Ѓорче Петров, пак, годинава на располагање ќе има 10 милиони евра. Еден од главните проекти на кој ќе се концентрира општината во 2014 г. е изградбата на новата општинска зграда, проект кој досега не им појде од рака на општините Аеродром и Центар. Новото општинско седиште планирано е да биде сместено во близина на споменикот на Ѓорче Петров.
Најдобри во штедење годинава ќе треба да бидат општините Бутел и Шуто Оризари. Годинава тие ќе располагаат со најмали буџети, со 2,5, односно 3,3 милиони евра. Сепак, велат дека овие средства максимално ќе се искористат на подобрување на општинската инфраструктура и доизградба на ОУ “Живко Брајковски” во Бутел.
Општина Сарај во новата година на располагање ќе има речиси 7 милиони евра. Како што информираат од општината половина од нив, ќе бидат наменети за образованието во општината, односно за санација и тековни одржувања на училиштата, а најголемиот дел од останатите ќе се потрошат на подобрување на патната и на комуналната инфраструктурата и општо на условите на живот.
И покрај напорите на редакцијата на Вечер да стигне до информации колкави ќе бидат буџетите на Карпош и на Чаир, од двете администрации не успеавме да дојдеме до информации колкава ќе им биде финансиската сила годинава и што планираат да им обезбедат на своите жители
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст