Над милиони патници минатата година ги користеле услугите на македонските аеродроми што претставува зголемување за 17, 4 проценти во споредба со 2012 година.
-Поволните авиобилети во текот на минатата година ги искористија голем број на патници кои патувале до и од некоја од овие дестинации, а очигледен доказ за зголемување на обемот на патници е тоа што во текот на 2013 година од аеродромите во Република Македонија се регистрирани вкупно 1.059.588 патници, што претставува пораст на бројот на патници во однос на 2012 година од 17.4%. Во 2013 година, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје доби награда од Меѓународниот аеродромски совет за најдобар аеродром во Европа во 2012 по квалитет на услуги – истакна министерот Јанкиевски на денешната прес-конференција, давајќи отчет за сработеното во изминатата година.
Во текот на минатата година реализирани се и осум нови дестинации од страна на нискобуџетската компанија „Визер“, а и влезе во сила спогодбата за воздушен сообраќај со Соединетите Американски држави. Исто така, утврден е и текстот на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Канада за воздушен сообраќај, со што се отвораат вратите и поедноставуваат процедурите за авио-компаниите од овие земји да оперираат и во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст